Детален опис на РЕХАУ ГЕНЕО® системот кој е монтиран во зградата.
Опис на системот
Материјал:
РАУ-ФИПРО, висококвалитен материјал појачан со фибер влакна
Длабочина на вградување:
86 мм / систем со 6 комори
Топлотна изолација:
Uf до 0,85 W/m2K ( MD plus) Uf = 1,1 W/m2K ( MD)
Звучна изолација:
без челично армирање со досега непостигнати вредности (стакло 50 dB = Rw,P 47 dB) кај SSK 5 – вкл. Uf до 0,85 W/m2K
Заштита од кражба:
класа WK 2 без челично армирање - вклучувајќи Uf до 0,85 W/m2K
Заштита од ветар/удари до класа 4 ( DIN EN 12207)/9A ( DIN EN 12208)
Целосно армиран профил - Како резултат на висококвалитетниот материјал РАУ ФИПРО, зајакнат со фибер влакна, не се потребни челични армирања за стандардни големини на елементи. Со тоа се добива и оптимирање на топлотната изолација како и намалување на тежината на елементите до 40%.
Надворешен изглед - Стабилноста на профилната конструкција овозможува елегантен и тенок изглед (115 mm) и кај големи елементи.
Функционални комори - ГЕНЕО® функционалните комори може да се опремат со термомодули за оптимирање на изолационите својства. Кај екстремни големини овозможено е дополнително армирање.
Површина - ГЕНЕО ® профилите зрачат со мазната, висококвалитетната и со години загарантираната РЕХАУ површина.
Интегриран систем за појачување - Со интегрираниот систем за појачување се зголемува отпрноста на торзија на профилите. Зашрафувањето во носечките делови на оковите до WK 2, на ПВЦ спојките за пречка и штрафовите за монтажа се одвива во интегрираниот систем за појачување.
Стабилност на ќошевите - За разлика од другите профили полното армирање оди до ќошињата, таму се заварува и овозможува одлична стабилност на ќошињата и отпорност на ветар.
Длабочина на фалцот за стакло - Големата длабочина на фалцот од 66 mm дозволува примена на различни дебелини на стакло или исполни со дебелина од 53 mm.
Средишен дихтунг - Дихтување преку три духтунга со највисок квалитет. Еластичен и трајно отпрен на оштетување изолационен материјал за заптивање за долготрајна примена.