ТОП ИНВЕСТ е фирма формирана во 2010 година во Штип.

Главната дејност на фирмата е градежништво. Иако станува збор за нова фирма, позади истата стојат две компании кои со години наназад усшпешно работат во Македонија. Сопственици на ТОП ИНВЕСТ  се фирмите Роби Инжинеринг (Телекабел) и Нико 2002. Овие две фирми по својот успех се со години наназад во најдобрите 5 фирми во Штип, а последните 6 години влегуваат и во најдобрите 200 фирми во државата.

 

ТОП ИНВЕСТ ДОО претставува нова , современа и перспективна компанија којашто има за цел да му даде една поинаква, помодерна, поурбана димензија на штипското градежништво.

ТОП ИНВЕСТ ДОО започна со изградба на луксузен и конфорен станбено- деловен комплекс во населбата Сењак 3, со вкупна бруто површина од 25,000 метри квадратни ,со две подземни катни гаражи од 4000 м2, со 400 паркинг места, атрактивен деловен простор на три ката од 4.500 м2, 150 станови од 40-110 м2 на 11ката и 10 ВИП апартмани со панорамски поглед над целиот град .

За две години, колку што е планиран временскиот период за комплетна изградба на овој станбено-деловен комплекс, Штип ќе добие модерна и урбана висококатница, којашто ќе го дополни и потврди приматот на градот Штип, како центар на Источна Македонија.

Довербата за изработката на проектот со комплетното внатрешно и надворешно уредување уште на самиот почеток им ја доверивме на три врвни тима составени од професионални архитекти,дизајнери и статичари коишто ветуваат станбено-деловен објект по примерот на светските метрополи во којшто ќе се чувствувате удобно,модерно и безбедно.

Еколошките и високоизолациони материјали коишто ги одбравме за градба,совршено осмислениот внатрешен и надворешен дизајн, распоредот на бои и декоративни материјали,модерната фасада и стаклени идејни решенија, луксузен влез, осветлување, прозори, керамички материјали, лифтови, се нашите адути, коишто им ги посветивме и ветивме на нашите идни коминтенти.

Ова ќе биде најубавиот и најквалитетен комплекс каков до сега во Штип не е изграден. Имате идеална шанса да купите стан или деловен простор во најатрактивниот објект во Штип! Одберете прекрасно катче за Вас и Вашите деца! Одберете дом каков заслужувате!

 

Инвестирајте во својата иднина- Топ Инвест!!